Регион СВЕТ

Земјотрес погоди грчки остров во Егејското Море

Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер погоди остров во југоисточниот дел на Егејското Море, а засега не се пријавени повредени, ниту материјална штета.

Геодинамичниот институт во Атина соопшти дека епицентарот на подводниот земјотрес бил на 39 километри северозападно од островот Карпатос и дека се случил веднаш по 18 часот по локално време.

Карпатос се наоѓа меѓу популарните туристички острови Родос и Крит во делот на Грција, кој е подложен на земјотреси.

Поврзани вести

Меркел го критикуваше главниот германски виролог: Постојано ги менува ставовите

Катастрофа во геријатриските центри: Како светот ги „жртвуваше“ старите лица во пандемијата?

Во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 60.000 нови случаи во САД

Повеќе од илјада летови се откажани на аеродромите во Пекинг поради наглото зголемување на бројот на заразени

Сопругата на премиерот на Лесото обвинета за убиство на неговата прва жена: Се предала на полицијата (ВИДЕО)

Пентагон предупреди: Морнарицата на САД ќе преземе „законски дозволени одбранбени мерки“ против бродовите во Персискиот Залив