Регион СВЕТ

Регистрирани 75 нови случаи и двајца починати од Ковид-19 во Грција

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 75 нови случаи на Ковид-19, а во изминатите 24 часа починаа две лица.

Од новите случаи само четири се по направените тестови на влезните точки во земјата.

Според грчките медиуми најголемиот број од новозаразените се во поширокиот дел на Атина – 19, во Солун 15 и 13 во Кавала.

Три случаи пак се кај членови на машката ватерполо репрезентацијата на Грција.

Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани вкупно 4.662 случаи на Ковид-19, а починаа 208 лица.

Поврзани вести

Кина: Експресен тест што го открива коронавирусот за 15 минути

Никола Поповски

САД и Кина ја потпишаа првата фаза од трговскиот договор

Бразилскиот Амазон доживува најлоши шумски пожари во последните 13 години

Stefanija Kuzmanovska

Обама и Бајден 8 години ги игнорираа Белград и Приштина, вели Гренел

Влатко Зорба

Гејтс: Наесен повторно ќе се шири вирусот, затоа што многу луѓе сега одбиваат да носат маска

Александар Петровски

Уапсен џихадист во Грција

Maja_Serafimova