Вести СВЕТ

Резултати од независната обдукција: Флојд бил задушен, полицаецот сакал да го убие

Бен Крамп, адвокат на семејството на Џорџ Флојд, изјавил денес дека верува дека има доволно докази за да се потврди дека полицискиот службеник Дерек Човин, кој е обвинет за убиство на Афроамериканец, постапил со предумисла.

Шовин е обвинет за убиство од трет степен, но Крамп тврди дека станува збор за убиство од прв степен, пренесува „Би-Би-Си“.

„Не е јасно како не се квалификуваше за убиство од прв степен“, изјавил Крамп за Си-Би-Ес, според „Гласот на Америка“.

Тој посочил дека полицаецот го држел коленото на вратот на Флојд скоро девет минути, чија смрт предизвика протести низ САД.

„Сметаме дека тој имал намера“, рече Крамп.

Џорџ Флојд, невооружен Афроамериканец, почина за време на полициското апсење при кое Човин, според кривичната пријава, го држел коленото врз неговиот врат осум минути и 46 секунди.

Во кривичната пријава се додава дека патологот заклучил дека комбинацијата на физичката пресметка, можните опојни средства во организмот и здравствените проблеми што ги имал. придонеле за смртта на Флојд.

Сепак, двајца лекари кои извршиле независна обдукција врз телото на Џорџ Флојд, денес објавиле дека тој починал како резултат на задушување и дека станува збор за убиство.

Поврзани вести

Рим без жртви од коронавирусот во последните 48 часа

Влатко Зорба

Во знак на протест: Маж се самозапали пред УНХЦР

user4

САД планира да воведе дополнителни царини на увоз на француски производи

Maja_Serafimova

Каталонија воведе задолжително носење маски

Влатко Зорба

Амбасадор на Малта поднел оставка откако Меркел ја споредил со Хитлер (фото)

Значаен раст на новозаразени од коронавирус во Германија: Дали најкусото обраќање на Меркел до нацијата ќе ги поправи работите?