СВЕТ

Рибари пронашле дрога за 18 милиони евра во Андаманското Море

Мјанмарски рибари пронашле во морето вреќи со дрога – кристален метамфетамин, со пазарна вредност од 18 милиони евра.

Вреќите со дрога пловеле во Андаманското Море, долж брегот на Мјанмар. Во секоја од 23-те вреќи се наоѓале пластечни ќесички со ознака „Кинески зелен чај“.

Не знаејќи какви кристали се наоѓаат во ќесичките, рибарите мислеле дека тоа е еден вид дезодоранс кој обично се користи во Бурма, се намачкале со него и добиле изгореници на кожата, а свеста им се поматила, наведуваат локални претставници. Веднаш потоа била информирана полицијата, која се уште одбива да издаде соопштение.

Мјанмар, кој по големина е втор производител на опиум во светот, зад Авганистан, според податоците на Службата на ОН за дрога и криминал, е еден од најголемите производители на метамфетамин во светот.

Поврзани вести

Ердоган и Путин телефонски разговарале за смирување на ситуацијата во Сирија

Бројот на мигранти на балканската рута е значително зголемен

Мајкл Мур: Трамп е на пат да ја повтори својата победа

Никола Поповски

Објавени конечните резултати од анализата: Што е пронајдено во урината на Навални?

Никола Поповски

Надежта не умира во Италија: 6-месечно бебе и 102-годишна старица го победија коронавирусот

Џо Бајден гласаше со својата сопруга

Stefanija Kuzmanovska