Регион СВЕТ

Родителите на Србинот кој прифати да игра за Косово добија отказ од работа

Родителите на Илија Ивиќ, првиот Србин кој го прифати повикот да настапува за некоја од фудбалските селекции на Косово, добија отказ од работа, тврди Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз на Косово, јави радио Слободна Европа.

Во информацијата од косовската куќа на фудбалот стои дека „ФСК е потресен од информацијата дека родителите на младиот српски фудбалер, кој игра за приштинскиот клуб Фламуртари, добиле отказ во институциите во кои работеле, а кои ги финансира Србија“.

Како што пренесува Радио Слободна Европа, причина за тоа е што 17-годишниот фудбалер од Грачаница прифатил да игра за младинската селекција на Косово.

ФСК ги повика косовските и меѓународните институции, вклучувајќи  ги и УЕФА и ФИФА, да реагираат во „спречување такви дискриминаторски појави“.

Поврзани вести

Трамп ќе го потпише мировниот договор со Талибанците: Дали ова е крајот на војната во Авганистан?

Никола Поповски

Протекоа сто тони нафта, закана за плажите во 42 града

user4

Сијарто: Ако на Србија и е потребна помош со мигрантите, знаат каде да не најдат

Лекарка од Шведска ќе ја врати Нобеловата награда поради Хандке

Израелскиот претседател му го даде мандатот за формирање влада на Бени Ганц

Maja_Serafimova

Проголтал 34 пакувања течен кокаин на аеродромот во Атина

Maja_Serafimova