Регион СВЕТ

Романија: Децата редовно ќе одат на училиште и покрај црниот рекорд од 1415 заразени за еден ден

Романските власти соопштија дека во изминатите 24 часа се пријавени 1.415 нови случаи на коронавирус, што е најголем број регистрирани за еден ден.

И покрај тоа, премиерот Лудовик Орбан изјавил дека Романија успеала да го запре ширењето на инфекцијата и не очекува никакви проблеми при локалните избори следниот месец.

Изборите беа планирани да се одржат во јуни, но беа одложени поради пандемијата, пренесува АП.

Здравствените власти очекуваат дека 2.800 нови случаи на вирусот ќе бидат регистрирани секој ден на почетокот на следниот месец. Во Романија се заразени вкупно над 65.000 луѓе, а од вирусот починале 2.807 лица.

Во училиште според планот

Почетокот на учебната година во Романија ќе биде, како и секогаш, во средината на септември, со некои прилагодувања, и покрај значителното зголемување на бројот на заразени со новиот коронавирус, соопшти владата, осврнувајќи се на „правото на образование“.

„Нашата одлука е јасна: враќањето во училишните клупи е на 14 септември, се разбира во однос на нормите на здравствената сигурност“, изјавил премиерот Лудовик Орбан во Собранието, наведувајќи дека децата и наставниците ќе носат маски додека се во училниците.

Залагајќи се за „право на секое дете на образование“, Орбан рече дека локалните власти ќе одлучуваат за секој случај, во зависност од епидемиолошката состојба, дали децата ќе доаѓаат на училиште или не. На места каде се регистрираат повеќе од три новозаразени лица на илјада жители, часовите ќе се одржуваат исклучиво на далечина.

Владата објави дека ќе дистрибуира 500.000 компјутери на домаќинствата кои немаат, проект што е делумно финансиран од Европската унија и Светската банка.

Романија ги затвори училиштата во март за да го ублажи ширењето на заразата и почна постепено да ги олеснува мерките од средината на мај. Оттогаш бележи постојан пораст на бројот на случаи на инфекција.

Поврзани вести

Во првите две недели од наставата во Србија заразени се 52 ученика и 20 вработени

Александар Петровски

Џонсон: Британската Национална здравствена служба може за само две недели да биде скршена од коронавирусот како и италијанскиот здравствен систем

Инциденти во парламентот на Црна Гора, уапсени пратеници на Демократски фронт (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Нафтена компанија со контроверзна етикета: Прикажано силување на активистката Грета Тунберг? (фото)

Новиот коронавирус можно е да се ширел во Кина од август 2019 година

Вработена во метро починала откако ја плукнал заразен маж со коронавирус