СВЕТ

Русија за оксфордската вакцина: Ги претвора луѓето во мајмуни

Во Русија е покрената кампања за дискредитација на вакцината од Оксфорд против коронавирус со тврдење дека ривалската вакцина ги претвора луѓето во мајмуни затоа што користи генетски материјал на шимпанзата.

Русија, која летово ја регистрираше вакцината Спутник V против короната, сега објави снимки и фотографии на руските социјални мрежи, кои наводно докажуваат дека британската вакцина е опасна.

На една фотографија, британскиот премиер е обработен во „Фотошоп“, така што изгледа како јети, со натпис „Ја сакам мојата бигфут вакцина“.

На втората фотографија е прикажано шимпанзо во лабораториски костум на фармацевтскиот гигант „АстраЗенека“, која работи со Оксфорд на развој на британската вакцина.

Американецот чичко Сем, пак, вели: „Сакам ти да ја примиш мојата мајмунска вакцина“.

Шефот на „АстраЗенека“, Паскал Сорио ја осуди клеветничката кампања.

„Научниците од „АстраЗенека“ и многу други компании и институции ширум светот неуморно работат на развој на вакцина и третман за да го поразат вирусот. На крајот на краиштата, зависи од независните експерти и регулатори да одлучат дали вакцината е безбедна и ефикасна. Дезинформациите се јасен ризик за јавното здравје“, рече тој за „Тајм“.

Во исто време, доктор Хилари Џонс за британските медиуми изјави дека обидите за дезинформација биле „смешни и срамни“.

„Оксфорд има многу сигурен тим. Пеницилин се произведувал таму за време на Втората светска војна. Оксфорд има фантастична репутација и тие внимателно работат на ова и мислам дека е смешно и срамно што Русите тврдат дека вакцината доаѓа од ДНК материјалот на шимпанзата“, рече Џонс.

Поврзани вести

Четворица новозаразени со коронавирус во Словенија

Демонстрантите бараат оставка од Борисов, фрлаат со јајца на полицијата (ВИДЕО)

Александар Петровски

Трамп изгуби и по повторното броење на гласовите во Висконсин

Stefanija Kuzmanovska

Макрон со ултиматум до муслиманите, најави сузбивање на исламистичкиот сепаратизам

Stefanija Kuzmanovska

Британски научници: Со блокирањето на градовите и строгите мерки се спасени околу 59 илјади човечки животи во Европа

Трамп: Односите со Кина се сериозно нарушени

Stefanija Kuzmanovska