Вести СВЕТ

Русија за случајот Навални: Берлин дава бесмислени одговори

„Берлин дава бесмислени изјави како одговор на руските барања во ситуацијата со Алексеј Навални, додека Организацијата за забрана на хемиско оружје се уште не одговорила на руските барања и продолжува да „нè влече за нос“, изјавил рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Слушаме јавни коментари, меѓу другото, од германски претставници, кои наведуваат прилично бесмислени работи, на пример, тезата дека сè што му се случило на Навални се случило на територијата на Русија“ и поради тоа нема да ви помогнеме во ништо, самите борете се, но ве замолуваме да ја признаете вината. Тоа не е сериозно за ниту една земја, особено за толку голема, почитувана земја како Германија“, рекол Лавров на прес-конференција по состанокот со неговиот ирански колега Мохамед Џавад Зариф.

Тој потсетил дека Русија побарала конзуларен пристап до руската опозиција, но дека Берлин сè уште не одговорил на тоа барање.

„Пред околу една недела и половина, официјално побаравме од германските власти конзуларен пристап до нашиот граѓанин. Не добивме одговор на тоа барање. Затоа, се надеваме дека партнерите сепак ќе разберат дека е бескорисно да разговараме со нас од позиција на повисоко суштество кое дури и не се обидува да одговори на правни прашања, засновани врз меѓународни конвенции, и арогантно да побара одредено покајание од нас“, нагласил рускиот министер.

Според него, Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) сè уште не одговорила на руските барања во ситуацијата со Навални.

„Сè уште немаме никаков одговор од Хаг, каде се наоѓа седиштето на ОПЦВ. На почетокот, нашите германски колеги ни рекоа: Не можеме да ви кажеме ништо, бидејќи случајот не е руско-германски, работата е меѓународна, а ние имаме меѓународна структура – ОПЦВ, контактирајте ги нив“, објаснил Лавров.

Тој посочи дека Москва скоро веднаш се обратила до ОПЦВ.

Поврзани вести

Над 100.000 домаќинства без електрична енергија поради бурата во Полска и Чешка

Прва слика од Навални по будењето од кома: Ќе се врати во Русија

Никола Поповски

Шпанија забележа рекордни 3.715 новозаразени за еден ден

Влатко Зорба

Издрогиран Хрват во Германија возел автобус полн со патници

„Дојче Веле“: Зошто сезонските работници во Германија се обвинети дека се криминалци?

Четири лица убиени на забава во Калифорнија

Влатко Зорба