Вести СВЕТ

Руската делегација ја напушти Анкара без договор за покраината Идлиб

Руската делегација, која беше во посета на Анкара за да разговара за сириската офанзива во покраината Идлиб, си замин ,без да постигнат договор за прекин на судирите во кои загинаа 13 турски војници минатата недела, изјави денеска турски дипломатски извор.

Членови на рускиот тим пристигнаа во Анкара во текот на викендот, неколку дена откако осум турски војници беа убиени во напад на сириските сили. Тогаш Анкара ги насочи позициите на сириската армија. Турските и руските власти вчера одржаа разговори во Анкара, а пет турски војници беа убиени во друг напад врз нив во областа Тафтаназ во текот на денот.

Во изјавата издадена од турското претседателство по состанокот, се вели дека Анкара и ’кажала на руската делегација дека нападите во северозападна Сирија мора да престанат веднаш и повеќе нема да поминат без одговор. Поради напредокот на сириските сили во Идлиб, последното големо упориште на бунтовниците, скоро 700.000 луѓе ги напуштија своите домови и се упатија кон затворената турска граница. Турција, во која веќе се сместени 3,6 милиони сириски бегалци, рече дека повеќе не може повеќе да прифаќа бегалци.

Поврзани вести

„Кориере дела сера“: Шведска е прва во Европа по бројот на смртни случаи, нивниот модел за справување е катастрофален (видео)

Пандемијата го зголеми бројот на смртни случаи од предозирање

Stefanija Kuzmanovska

Во Австрија издадена уредба за постепено враќање на економијата

Д-р Јовановиќ: Младите се најголем извор на пренос на инфекцијата

Безос ќе донира 10 милијарди долари за борба против климатските промени

Американски виролози откриваат дали е неопходно да се дезинфицира амбалажата на производите од продавница