Вести СВЕТ

Руски виролог предупредува: Постојат три можни сценарија во борбата со Ковид-19

Пандемијата на коронавирус во најдобар случај ќе се намали во текот на летото, а во најлош случај ќе остане во Русија уште една сезона, изјави рускиот виролог од Далечноисточниот федерален универзитет, Михаил Шчелканов за НТВ.

„Најдоброто сценарио подразбира дека со доаѓањето на летото, нашите европски и американски колеги сепак ќе успеат да ја одржат ситуацијата под контрола и да спречат ширење на епидемиолошкиот бран. Тоа би било одлично “, рече тој.

Вирологот оценува дека умерено сценарио би можело да изгледа така што вирусот корона во светот би се задржал уште една сезона, а „жариштето на заразата во Европа морало да се стави во карантин со големи напори“.

Според него, тогаш, Кина би била принудена да ги затвори своите граници со САД и Европската унија доколку се стабилизира состојба кај нив.

„Најлошото сценарио, кога целата планета би била зафатена од епидемија, подразбира дека следната зима ќе ја дочекаме со пикот на епидемијата низ цела Русија“, изјави експертот.

Покрај тоа, Шчелканов истакна дека рускиот систем за биосигурност веќе го решил главниот проблем со одложување на пристигнувањето на новиот вирус во земјата најмалку два месеци. Ваквите мерки овозможуваат развој на систем за тестирање, развој на стратегија за следните чекори, воспоставување оперативна меѓуресорска соработка и создавање стратешки резерви.

Во Русија, 495 лица се заразени со вирусот на корона, а 22 се излечени.

Поврзани вести

Турција: Неутрализирани се 101 припадник на режимските сили

Како да одлучите дали треба да се тестирате пред да го посетите семејството?

Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск: Ќе мора да донесеме важни одлуки за користењето на природните ресурси

Најмалку 30 лица се држат како заложници во трговски центар на Филипините (видео)

Нема индиции кои би укажале на терористички мотив за нападот во Хаг

Влатко Зорба

Околу 100.000 луѓе ги напуштиле домовите по офанзивата на Турција на северот во Сирија

user4