Вести СВЕТ

САД: Новите санкции против Иран – во текстилната индустрија, производството, градежништвото, рударството…

Американската администрација денеска соопшти дека воведува нови санкции за иранските официјални претставници за кои смета дека се вмешани во дестабилизирачките активности на Блискиот Исток, како и во нападот врз американските воени бази во Ирак од почетокот на неделава.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео кажа дека новите санкции се насочени против осум високи ирански функционери, додека министерот за финансии Стивен Мнучин кажа дека претседателот Доналд Трамп веќе издал извршна наредба за воведување санкции на секој што е инволвиран во иранската текстилна индустрија, градежништвото, производството и рударството, пренесоа американските медиуми.

-Како резултат на оваа одлука укинуваме милијарди долари поддршка за иранскиот режим, рече Мнучин.

Администрацијата на Трамп веќе ги врати санкциите што ги укина по потпишувањето на нуклеарниот договор во 2015 година, што предизвика значајна економска штета во Иран.

Поврзани вести

Главниот лекар во Омск: Сите токсиколошки анализи кај Навални се негативни

Stefanija Kuzmanovska

Уште еден смртен случај на лице заболено од коронавирусот во Франција

Трамп: Претседателка може да биде „лудата Ненси Нанси“

Влатко Зорба

Тачи не е повеќе претседател на Косово

Никола Поповски

Кина ја објави листата на „дозволено месо“ кое граѓаните може да го јадат

Српски кардиохирург: Направивме 17 обдукции на починати од корона, резултатите се фрапантни