Регион СВЕТ

САД треба да ги укинат визите за Хрватите до крајот на годинава

САД треба да ги укинат визите за Хрватите до крајот на годинава, а двете држави ќе потпишат договор за избегнувње двојно оданочување, изјави во Минхен хрватскиот министер за надворешни работи и европски прашања Гордан Грлиќ Радман.

Хрватска, Романија, Бугарија и Кипар се единствените членки на ЕУ на кои САД се уште не им ги укинале визите. Полска беше исклучена од визниот режим кон крајот на минатата година.

Радман се состана со американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Минхен и по средбата истакна дека и визите и двојното оданочување треба да бидат решени до крајот на годината.

– Ние ги исполнивме сите (услови) и ова е актуелно прашање. Тоа е во интерес и на хрватските и на американските бизнисмени, истакна Грлиќ Радман пред новинарите.

Поврзани вести

Пред зградата на бугарското Народно собрание се протестира против владата на Борисов

Вучиќ ветува 900 евра просечна плата во Србија до 2025 година

Александар Тодески

Од Лезбос во Атина пренесени 215 бегалци и мигранти

Maja_Serafimova

ВИДЕО: Убиени водачите на црногорскиот Шкаљарски клан во Атина

Во Вашингтон на 13 ноември ќе се сретнат Трамп и Ердоган

Влатко Зорба

САД планира да воведе дополнителни царини на увоз на француски производи

Maja_Serafimova