Вести СВЕТ

САД загрижени од ситуацијата во Белорусија: Изборите не беа фер и слободни

САД го осудуваат насилството врз демонстрантите во Белорусија и го повикуваат Минск да ги почитува правата на граѓаните на мирни собири, да се воздржи од употреба на сила и да ги ослободи уапсените, изјавил американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„САД се длабоко загрижени за начинот на одржување на претседателските избори во Белорусија на 9-ти август. Тие не беа ниту слободни, ниту фер. Ја повикуваме белоруската влада да го почитува правото на Белорусите да учествуваат во мирни протести, да се воздржат од употреба на сила и да ги ослободат сите што погрешно биле уапсени. Ние го осудуваме насилството врз демонстрантите и апсењето на оние кои ја поддржуваат опозицијата, како и блокирањето на Интернет-ресурсите со цел да се ограничат граѓаните на Белорусија да разменуваат информации за изборите и демонстрациите“, се вели во соопштението на Помпео.

Според Помпео, „владата на Белорусија мора да ја докаже во пракса својата посветеност кон демократските принципи и почитувањето на човековите права“.

Да потсетиме дека претседателските избори вчера се одржаа во Белорусија, на кои победи претседателот на Републиката, Александар Лукашенко. По затворањето на избирачките места во неколку белоруски градови започналемасовни протести. Во судирите повредени се околу стотина лица, од кои неколкумина се хоспитализирани, а вкупно биле уапсени околу 3.000 луѓе. Против нив била покрената кривична постапка за предизвикување масовни немири и напад врз полицијата и се соочуваат со 8 до 15 години затвор.

Поврзани вести

Повеќе од 3.000 лекари починаа од почетокот на пандемијата на коронавирус

Stefanija Kuzmanovska

Во Африка над 30 000 заразени со коронавирусот

Влатко Зорба

Папата Франциск го осуди понижувањето на жените и децата, присилени на проституција

Влатко Зорба

ПОТРЕСНО ВИДЕО од италијанска болница: Луѓето се борат да земат воздух, многумина умираат

Влатко Зорба

Силен земјотрес од 7,7 степени според Рихтер на Карибите, издадено предупредување за цунами кај Јамајка

Дали кај властите во Италија има вина: Семејствата на жртвите од коронавирус поднесуваат пријави до Обвинителството