Вести СВЕТ

Само 1200 заpaзени и 1 пoчинaт: Како Нов Зеланд го победува коронавирусот?

Нов Зеланд досега има 1.200 заболени од коронавирус и еден починат, а скоро 300 луѓе се опоравиле.

Тоа е една од најуспешните држави, не само што ги забави, туку и целосно го „разби“ коронавирусот, а тајната на Нов Зеланд лежи во две мерки, кои беа донесени многу брзо – затворање на границите и воведување на карантин.

Карантинот во Нов Зеланд подразбира дека граѓаните го прават само она што е најпотребно, можат да шетаат и да возат велисопед, но во нивното соседство, во продавниците мора да се барем еден метар оддалечен едни од други и влегуваат еден по еден. Училиштата се затворени, одењето на плажи е забрането , и на граѓаните им било наложено да не прават ништо што може да ги оптовари службите за итни случаи. Ригорозните мерки воведени од премиерот Јасинда Ардерн покажаа резултати по две недели, пренесува „Вашингтон пост“.

Бројот на нови случаи опаѓа, иако бројот на тест случаи е зголемен, а во последните денови има повеќе излечени од новозаразени во рок од 24 часа. Досега починало едно лице, една постара жена која имала други заболувања, а четири се во сериозна состојба.

Тие не се откажуваат од цврстите мерки – карантин четири недели

Сепак, премиерот не се откажува од цврста рака кога станува збор за борбата против коронавирусот, иако можни се помали ограничувања за време на велигденските празници.

Нејзината намера е Нов Зеланд да спроведе четиринеделен карантин, двапати по 14-дневна инкубација, пред сериозно да се намалат мерките.

„Челичната дама“ од Нов Зеланд иницираше вакви ригорозни мерки, во кои доби поддршка од другите, од опозицијата, па се до самите граѓани. А сè можеше да изгледа многу поинаку, доколку премиерката не се врати во нејзината земја од Јужна Кореја пред месец, во период додека епидемијата не беше во полна сила во земјата.

Starting the day as I have almost everyday since we have been at alert level 4 – on a call with Ministers to discuss the…

Gepostet von Jacinda Ardern am Montag, 30. März 2020

Како започна

Ардерн била шокирана затоа што не била измерена на аеродромот во Нов Зеланд, туку само и било укажано да биде во изолација 14 дена.

Наскоро следуваше и затворање на границите, а Ардерн тогаш предложи четирифазен епидемиски план, од која последна беше фазата на целосен карантин. Сепак, по консултација со експерти и други влијателни личности, вклучително и политичари и бизнисмени, Владата воведе општ карантин.

Новозеланѓаните се исплашија од ескалацијата што веќе се одвиваше во Италија и Шпанија и сите се согласија дека затворањето сигурно ќе дојде порано или подоцна. Затоа, тие решија карантинот да се воведе што е можно поскоро за да не се влоши кризата.

Дејствувајте како да се заразени сите

На граѓаните им било речено дека имаат 48 часа да се подготват, проследено со тоа да останат дома освен ако не се занимаваат со најважните работи, како што е здравството или полицијата, или ако мораат да одат во продавница. Нив им е дозволена и рекреација, но само во близина на куќата и на социјална дистанца.

Неколку часови пред почетокот на општиот карантин, испратена е СМС порака до сите граѓани со порака „Однесувајте се како да имате Ковид 19, ќе спасите многу животи“.

Оние што не се придржуваа на мерките, биле растерани од јавните површини од страна на полицијата, а имало и некои инциденти, како на пример кога министерот за здравство отишол на плажа да вози велосипед и потоа сфатил дека згрешил, нарекувајќи се себеси дека е „идиот“.

Поврзани вести

Јеремиќ: Бојкот на изборите, не можете да бидете паразит во системот кој сакате да го промените

Нови проблеми за Украина: Се прошири пожарот во Чернобил (видео)

Усвоена резолуцијата со која се одобрува истрагата за инпичмент на Трамп

user4

Откриен суперносителот: Како коронавирусот стигна до Европа? (видео)

Никола Поповски

Русија: Три медицински лица мистериозно паднале од прозорец на болница

Трамп тврди дека Кина можела да го запре новиот коронавирус пред да се прошири во светот