Вести СВЕТ

Само околу 30 отсто од Американците му веруваат на Трамп за Ковид-19

Според најновото истраживање на Универзитетот Кинипијак од Конектикат приближно 30 проценти од гласачите регистрирани во САД веруваат на информациите на претседателот Доналд Трамп за епидемијата со Ковид-19.

Тоа значи дека 67 проценти од гласачите не му веруваат на Трамп за новиот коронавирус.

Всушност само еден од тројца анкетирани изјавиле дека Трамп е искрен и ја зборува вистината.

Си-Ен-Ен објави дека е невообичаено голем број на приврзаници на Трамп да не му веруваат на претседателот.

Резултатите од анкетата на Универзитетот Кинипијак покажуваат и дека 65 проценти од регистрираните гласачи „веруваат на информациите на (главниот епидемиолог и советник на админситрацијата) Ентони Фаучи за Ковид-19.

Поврзани вести

Нови седум заразени со коронавирус во Србија, вкупно 31

Бројот на заразени од коронавирус во Иран се зголемил на 978

Во обид да ги запре протестите, француската влада објави отстапки за пензиските реформи

Влатко Зорба

Ситуацијата во САД ескалира: Маж со моторна пила брка демонстранти (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Регистриран најголем број заразени од почетокот на пандемијата

Влатко Зорба

Трамп е етички недораснат и интелектуално неподготвен да биде претседател на САД, вели Пелоси

Влатко Зорба