СВЕТ

Санчес: Нема да има независност, нити офлајн, ниту онлајн

Шпанскиот премиер Педро Санчес изјави денеска дека неговата социјалистичка Влада нема да дозволи „онлајн“ независност на Каталонија.

„Им се обраќам на каталонските сепаратисти. Нема да има независност, нити офлајн, ниту онлајн. Законитоста ќе биде исто толку моќна онлајн, како што е и во реалниот свет“, истакна Санчес.

Владата во Мадрид денеска ќе одобри указ, со кој се обврзуваат сите јавни администрации да ги уредуваат своите веб-страници во Европската унија. Мерката, која е дел од владината кампања против сепаратистичките активности на интернет, има за цел да стави крај на нивната желба за создавање „дигитална република“.

Сепаратистички политичари, вклуќувајќи го и поранешниот каталонски премиер Карлес Пучдемон, создадоа на интернет „Совет на каталонската република“, кој според нив веќе има 80.000 следбеници. Шпански судија донесе одлука за затворање на сајтот на тајната каталонска протестна група „Демократско цунами“. Веднаш потоа, групата ја премести својата страница на друга интернет адреса.

Поврзани вести

Додик: Кризата ќе заврши кога ќе ја снема Босна и Херцеговина

Никола Поповски

Ердоган апси се по ред, зад решетки уште 149 пучисти (ВИДЕО)

Јужнокорејски функционер тврди дека Ким Џонг-ун е жив

Stefanija Kuzmanovska

Нема умирање за време на викенди и празници: Забрана од француски градоначалник до жителите на Грел

Уапсени 10 мафијашки членови: Корона-бизнис на гробиштата во Италија

Скокна од прозорец со радијатор за кој бил заврзан и избега од полиција (ВИДЕО)