Вести СВЕТ

Сателитски снимки ги покажуваат размерите на катастрофата во Бејрут

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Сателитските фотографии беа објавени од израелска и француска компанија.

Првата фотографија е од 4 ноември 2019 година, во која се прикажани голем број магацини, хангари и други објекти во близина на водата. Втората фотографија е направена денес и ги прикажува само контурите на зградите во пристаништето.

Фотографиите ги направи рускиот сателит „Канопсус-V“.

Фотографиите од вселената беа објавени и од компанијата „Ербас Спејс“, како и израелската компанија „Имиџ Сат Интернационал“.

„Ербас“ објави фотографии од францускиот сателит „Плејадес“. Тие покажуваат дека сите складишта во пристаништето биле уништени, а останале само урнатини на станбени згради.

На своите објавени фотографии, израелската компанија ги обележа димензиите на кратерот што остана по експлозијата, како и подрачјето зафатено од ударниот бран.

Исто така, прикажана е и фотографија од крузерот „Ориент квин“ што се преврте од силата на ударот.

Поврзани вести

Гутереш: Една милијарда лица со инвалидитет ширум светот се меѓу најтешко погодените од пандемијата

Невообичаена глетка: Бебе е родено со БЕЛА КОСА (ФОТО/ВИДЕО)

Stefanija Kuzmanovska

Тројца претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија се инфицирани со Ковид-19

Германската ЦДУ ги одложи внатрепартиските избори за декември

Рекорден број новозаразени во Шведска: Властите имаат објаснување и за ова!

Stefanija Kuzmanovska

„Ковид ножни прсти“: Ако ви се појават вакви промени, можеби сте заразени (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska