Вести СВЕТ

Се јавува ново жариште на коронавирусот: Во оваа земја физичкото растојание за многу луѓе е невозможно

И покрај фактот дека сите мерки беа преземени на време за борба против коронавирусот, Перу сега е меѓу земјите кои се најтешко погодени од пандемијата.

Главната причина за ваквата состојба е сиромаштијата, пренесува Си-ен-ен.

Перу била една од првите земји во Јужна Америка што презела строги мерки за да спречи ширење на коронавирусот, како што е забрана за напуштање на домовите, полициски час и затворање на границите.

Денеска во земјата има над 123.900 потврдени случаи на заразени и над 3.600 мртви од Ковид-19. Меѓу јужноамериканските држави, Перу е на второ место по број на заразени и починати од вирусот, веднаш зад Бразил.

Официјалните податоци покажуваат дека околу 85% од респираторите во Перу се зафатени, а медицинските експерти стравуваат дека се заканува колапс на здравствениот сектор кој нема да може да одговори на кризата предизвикана од пандемијата.

Перуанскиот лекар Елмер Хуерта за Си-ен-ен изјавил дека една најголемата причина за ваквата ситуација е големата сиромаштија и социјална нееднаквост во земјата. Многу луѓе немаат избор и мора да излегуваат од дома и да работат, а условите во повеќето домови не дозволуваат одржување на социјална дистанца. Според податоците од 2017 година, само 49% од домаќинствата во Перу имаат фрижидер, па луѓето мораат речиси секојдневно да излегуваат и да одат во продавница по намирници што лесно се расипуваат бидејќи нема каде и како да ги чуваат.

Толпите и редиците пред продавниците се големи и иако многумина носат маски, правењето физичко растојание се чини невозможно. Топли се прават и пред банките, каде граѓаните чекаат во редови да ги повлечат парите што им ги обезбеди владата за да им помогне поради пандемијата.

Кристијан Лопез Варгас, економист и вонреден професор на Универзитетот во Калифорнија, тврди дека пакетот помош за милиони најзагрозени граѓани на Перу е добра идеја, но дека распределбата на парите е слабо смислена и спроведена.

Неможноста да се одржи дистанца во домовите и работните места дополнително ја влошува ситуацијата. Повеќе од 30% од семејствата живеат во мал простор, па така во една соба спијат четири и повеќе лица.

Сето ова создава опасна комбинација за ширење на заразата со коронавирусот во Перу, стравуваат експертите.

Поврзани вести

Бројот на заболени од коронавирус се зголемил двојно за 2 недели

Stefanija Kuzmanovska

Грета Тунберг во Брисел: Законот на ЕУ за борбата против климатските промени претставува предавство

ЕУ денеска ќе решава за одложување на Брегзит до 31 јануари

Maja_Serafimova

Околу 50 сурогат бебиња заглавени во хотел во Украина, родителите од САД, Кина и Германија не можат да ги земат (ВИДЕО)

Европската агенција за лекови: Најоптимистичко сценарио е вакцина за една година

Вучиќ: Наркодилери ја исвиркаа премиерката Брнабиќ во Нови Пазар

Никола Поповски