ЕУ СВЕТ

Се самоубил напаѓачот на болницата во Острава

Напаѓачот, кој отвори оган во болница во чешкиот град Острава и уби шест лица, се самоубил, соопшти полицијата на Твитер.

Безбедносните органи појаснуваат дека мажот си пукал во главата.

– Го пронајдовме напаѓачот. Четириесет и две годишниот маж се застрелал во главата пред ние да интервенираме. Тој е мртов, изјавија од полицијата.

Мотивот за нападот утринава во Универзитетската болница во Острава останува неизвесен. Во нападот се повредени и две лица, кои се наоѓаат во критична состојба.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека ќе го посети местото на инцидентот заедно со министерот за внатрешни работи Јан Хамачек.

Поврзани вести

Баркли смета дека договорот со ЕУ за Брегзит не е лош за економијата

Maja_Serafimova

Смртниот биланс од уривањето на хотел во источна Кина се искачи на 26 лица (ВИДЕО)

Дали Пентагон не дозволува Трамп да ги повлече војниците од Германија?

Корбин: Договорот за Брегзит треба да се отфрли, полош е од оној на Тереза Меј

Maja_Serafimova

Продолжува наставата во Грција, учениците ќе се контролираат со камери во училниците

Борел: Во дијалогот меѓу Белград и Приштина, ЕУ е главна

Stefanija Kuzmanovska