Вести СВЕТ

Се стабилизира состојбата во Италија: Опаѓа бројот на новозаразени

Бројот на починати од „Ковид 19“ во Италија се зголемил во понеделникот за 195 лица, 21 смртен случај повеќе од неделата, но има помалку новозаразени, објави италијанската Служба за цивилна заштита.

Италија бележи 1221 нови случаи на инфекција со коронавирус во понеделник, во однос на 1389 во недела.

Tрендот на смртност продолжи да опаѓа од почетокот на епидемијата на крајот на март, кога дневно починале над 900 луѓе.

Од избувнувањето на епидемијата во Италија на 21 февруари, загинаа 29.079 лица, што ја прави втора по најголем број смртни случаи во светот зад САД.

Со 211.938 заразени, Италија се наоѓа на третото место во светот зад САД и Шпанија.

Во понеделникот имало 1.479 лица на интензивна нега, 22 помалку отколку во неделата, а досега закрепнале 82.879 лица.

Вкупно 1.480.000 лица се тестирани за коронавирус, 23.000 повеќе од вчера во земја со скоро 60 милиони жители, објави италијанската Служба за цивилна заштита.

Поврзани вести

„Корона-пасош“: Договорен заеднички документ за патување од земјите-членки на ЕУ

Земјотрес со силина од 5,2 степени според Риктер регистриран во БИХ

ЕК предлага нов инструмент за помош на фирмите погодени од Ковид-19

Чавушоглу: Тирана да ги испорача „ѓуленистите“

Лидерите повикаа на поголема соработка по пандемијата – собир без САД, Кина и Русија

Stefanija Kuzmanovska

За време на карантинот во Аргентина убиени се 50 жени, што е највисока бројка во последните десет години