ЕУ СВЕТ

Се топи мнозинството на Џонсон, се очекуваат неизвесни избори во Британија

 Изборната трка во Велика Британија станува се понеизвесна, а конзервативците на премиерот Борис Џонсон треба на изборите во четврток да победат со мало мнозинство, покажаа најновите испитувања на јавното мнение.
Агенцијата YouGov предвидува дека конзервативците ќе обезбедат мнозинство од 28 пратенички места, што е значително помалку од 68-те мандати колку што им предвидуваше анкетата од пред две недели. Предноста на конзервативците е многу намалена во последните две недели и сега заради маргината од грешка во анкетата веќе не е ни сигурно дека премиерот Борис Џонсон ќе победи на изборите, а во тој случај Брегзит повторно може да биде одложен.

-Врз основа на овој модел, не можеме да ја исклучиме можноста од парламент без мнозинство, изјави директорт на  YouGov за политички анализи Ентони Велс.

Џонсон ги закажа изборите токму за да ја надмине блокадата на парламентот, во кој неговата малцинска влада не успеа да го протурка законот со кој земјата ќе излезеше од Европската унија до 31 октомври, па мораше да се одложи за 31 јануари.

Агенцијата Фокалпоинт, исто така, објави резултати од анкета кои покажуваат дека мнозинството на конзервативците се намалило на 24 пратеника, што е огромен пад во однос на анкетата од минатиот месец во која ториевците имаа мнозинство од 82 мандата.

YouGov проценува дека конзервативците во 650-члениот парламент би имале 339 места, што само малку повеќе од 317-те, колку што освоија на изборите во 2017 година.

Според овие резултати, главната опозициска Лабуристичка партија би освоила 231 место во новиот состав на британскиот Парламент.

Поврзани вести

Абазовиќ: Спорниот закон за црквата ќе го измениме за 5 минути

Никола Поповски

СЗО: Состојбата со коронавирусот се влошува

Stefanija Kuzmanovska

САД: Вакцинацијата против коронавирус може да започне пред Божиќ

Никола Поповски

Гејтс: Наесен повторно ќе се шири вирусот, затоа што многу луѓе сега одбиваат да носат маска

Александар Петровски

Поддршка за убиецот на Џорџ Флојд од Украина

Stefanija Kuzmanovska

Срби измислиле клима против корона