Вести СВЕТ

Северна Кореја истрела повеќе ракети со краток дострел во Источното море

Северна Кореја истрела повеќе противбродски крстосувачки ракети со краток дострел кон Источното Море, јави јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на началникот на Здружениот Генералштаб на армијата во Сеул, пренесе ДПА.

Крстосувачките ракети прелетале околу 150 километри.

Северна Кореја минатиот месец истрела поголем број балистички ракети,  по тримесечна пауза.

Обединетите нации со резолуција им забрануваат на дел од земјите со нуклеарен потенцијал  да тестираат балистички ракети, а на Северна Кореја и беа воведени и остри меѓународни санкции за да ја одвратат од натамошниот развој на ракетите што може да бидат опремени со нуклеарни боеви глави.

Поврзани вести

Нема умирање за време на викенди и празници: Забрана од француски градоначалник до жителите на Грел

Постизборна коалиција меѓу Социјалистите и Подемос, но и натаму не е обезбедено мнозинство

Најмалку 884 смртни случаи во старските домови во Франција

Потврдено: Ова е вистинскиот извор на зараза на коронавирусот (ВИДЕО)

Путин негативен на тестот за коронавирус, лекарот со кој бил е заразен

Влатко Зорба

Австриска економија: Неверојатна загуба од 2,56 милијарди евра неделно