Вести СВЕТ

Северна Кореја одбива да го затвори хостелот во нејзината амбасада во Берлин

Севернокорејската амбасада одби  да се затвори хостелот во нејзината зграда во центарот на Берлин, и покрај мерките против коронавирусот.

„Севернокорејскиот амбасадор во Германија лично спречи службени лица од Уредот за јавен ред во обидат да извршат наредба од берлинскиот Сенат за затворање на хотели во градот“, објави Хина, повикувајќи се на телевизија ARD.

Бидејќи „City Hostel Berlin“ се наоѓа во зградата на Севернокорејската амбасада, полицијата не можела да интервенира и да го затвори хостелот.

Министерството за надворешни работи на Германија изрази „незадоволство“ од однесувањето на Северна Кореја.

Хостелот во зградата на амбасадата во историскиот центар на Берлин, во поранешниот источен дел, наводно веќе некое време е „трн во око“ на германските власти.

Поради санкциите на Обединетите нации против режимот во Пјонгјанг, германските власти забранија Северна Кореја да управува со хостелот во зградата на амбасадата во 2018 година, но амбасадата ја игнорирала таа одлука и поднесе тужби што беа одбиени.

И покрај ова, хостелот сепак продолжува да прима гости.

Поврзани вести

Русија: 44 проценти од позитивните лица немале симптоми на Ковид-19

Русија внимателно ќе ги следи активностите на НАТО во вселената

Курдите во Сирија се повлекоа на 32 километри од границата со Турција

Maja_Serafimova

Поставена новогодишната елка во Рокфелер Центарот

Влатко Зорба

Фаучи: Вакцина против Ковид-19 во ноември, можеби порано

Stefanija Kuzmanovska

Трамп до Мишел Обама: Поради Барак сум во „прекрасната Бела Куќа“

Влатко Зорба