Регион СВЕТ

Шеесет и пет годишна жена премолчила за „фаталниот роденден“: Десет доктори и медицински сестри испратени во карантин

Неверојатни сцени во Хрватска – една жена (65) не им кажала на лекарите дека била на роденден каде гостинка била заразена со коронавирус, па кога дошла на преглед заразила десет лекари и медицински сестри.

Дури десет медицински работници од подрачјето на Крижевац во Хрватска морале да одат во изолација под сомнение дека добиле симптоми на коронавирус од еден пациент,

„Хероината“ на приказната, стара 65 години, била на роденденска забава каде имало заразен дефектолог од Загреб. Пациентката се заразила во тоа време и кога отишла на рутински преглед кај својот матичен лекар пријавила дека има само болка во градите и кашлица, но не кажала дека била на фаталниот роденден.

На 26 март, жената повикала брза помош затоа што била болна и се сомневала за пневмонија. Брзата помош интервенирала и ја пренеле во болница во Копривница. Бидејќи премолчила дека била во контакт со сомнително лице, таа била испратена дома само со терапија. Четири дена подоцна нејзината состојба се влоши и тогаш било откриено дека има коронавирус.

Поврзани вести

Српската Влада усвои одлука со која на сите здравствени работници од 1 април им се зголемува платата за 10 отсто

Нов референдум за независност на Шкотска

Никола Поповски

СЗО: Ширум светот дистрибуиравме околу 1,5 милиона тестови за коронавирусот, во иднина можно е да бидат потребни 80 до 100 пати повеќе

Забрана за патување на Кинези во Црна Гора

Велика Британија се соочува со најголемата економска криза во последните неколку векови

Трамп забрани собири со повеќе од 10 лица, посети на ресторани, барови и трговски центри