СВЕТ

Шојгу: Повлекувањето на Курдите од северна Сирија завршено побрзо од предвиденото

Русија потврди дека заврши повлекувањето на курдските сили од северниот дел на Сирија.

„Повлекувањето на вооружените единици од територијата во која треба да се формира безбедносен коридор е завршено побрзо од предвиденото“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Повлекувањето на курдските сили почна на 23 октомври, а требаше да заврши денеска.

Врз основа на договорот што минатата недела го постигнаа рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, курдските сили од Единицата за заштита на народот требаа да се повлечат заедно со своето оружје од североисточна Сирија во рок од 150 часа на 30 километри оддалеченост од границата со Турција.

Курдските сили се повлекоа од пограничната зона во која Турција на 9 октомври изврши офанзива врз нив. Офанзивата беше прекината неколку дена во согласност со договорот постигнат помеѓу Анкара и Вашингтон.

Припадници на руската воена полиција и сириската гранична полиција се распоредени во зоната со цел да го олеснат повлекувањето на Курдите.

По истекот на договорот на Путин и Ердоган предвидено е заеднички турски и руски патроли да бидат распоредени во зона оддалечена 10 километри од границата.

Поврзани вести

Трамп помилува поранешен српски гувернер: Тоа беше исклучително смешна казна

Никола Поповски

Маас: Германија работи на тоа да се заврши секое „странско мешање“ во воено разурнатата Либија

Maja_Serafimova

Српски лекар заедно со уште двајца колеги дошле до големо откритие кое ги спасува пациентите заболени од корона

Кадри Весели на 4 декември треба да се појави во Специјалниот суд за воени злосторства

Помпео изрази загриженост поради тоа што Турција го тестира рускиот противвоздушен ракетен систем

Влатко Зорба

Во Иран загинале 27 лица од труење со алкохол , мислеле дека се лекуваат од коронавирусот