ЕУ СВЕТ

Шпанија со најголем пораст на број на починати од мај

Бројот на лица заразени со вирусот во Шпанија денес достигна 748.266, според податоците на Министерството за здравство на таа земја, пишува Танјуг.

Тоа е за 31.785 случаи повеќе од пријавените во петокот, пренесува Ројтерс.

Исто така, според министерството, бројот на смртни случаи од последиците на вирусот корона се искачи на 31.411 лица, за разлика од 31.232 во петокот.

Шпанија бележи најголем пораст на бројот на смртни случаи на дневна основа од почетокот на мај, но тој број е помал од бројот на регистрирани смртни случаи на крајот на март, кога беа регистрирани скоро 900 смртни случаи за еден ден.

Поврзани вести

Некогашното жариште на епидемијата провинцијата Хубеи 32 дена без нов случај на коронавирусот

45 милиони луѓе се загрозени поради сушата

user4

Борел: Затворањето на границите не е решение, потребна е поголема глобална соработка

Влатко Зорба

САД обвинија шест Руси за хакерски напади врз други земји

Stefanija Kuzmanovska

Француските научници развија тест на ковид со резултати за 40 минути

Грчката Влада планира да изгради 20 нови центри за бегалци и мигранти