Вести СВЕТ

Шпанија: За првпат жена ќе биде на чело на разузнавачките служби

Шпанската Влада првпат назначи жена на чело на разузнавачките служби.

– Директор на Националниот центар за разузнавање ќе биде досегашната вршителка на должност директор на Центарот, Пас Естебан Лопес, се наведува во соопштението на Владата на шпанскиот премиер Педро Санчес.

Нејзиниот избор се совпаѓа со политиката на Владата за родова еднаквост, односно именување на жени на високи државни функции.

Лопес, која завршила филозофија, е првата жена во историјата на шпанската демократија која ја презеде таа одговорност, се истакнува во соопштението.

Минатиот месец, исто така, жена беше назначена да ја предводи шпанската Цивилна гарда – воената полиција.

Шпанскиот премиер Санчез го вметна феминизмот како еден од столбовите во функционирањето на неговата Влада, која е составена од еднаков број жени и мажи.

Поврзани вести

Комитетот на Претставничкиот дом на САД ги одобри обвинувањата против Трамп

Научник кој го разви „Новичок“: Да беше отруен, Навални ќе умреше за 10 минути

Влатко Зорба

Бугари од прозорец фрлале мебел на војската во Италија (ФОТО)

Трамп: Луѓето се уморија од слушање на Фаучи и сите овие идиоти, мерките се тешка досада

Stefanija Kuzmanovska

Претседателот Милановиќ: Масоните сакаа да бидам дел од нив, но не прифатив

Никола Поповски

Германија ќе го плаќа лекувањето на тешко болните пациенти од ЕУ