Регион СВЕТ

Што се ќе поефтини ова лето во Грција?

Грција најавува воведување на бројни придобивки, како што се поевтини летови до земјата, ферибот и автобуски билети, со цел да ги охрабри туристите да се вратат ова лето.

Откако владата објави дека туристичката сезона во земјата официјално се отвора на 15 јуни, Грција објави дека ќе им понуди на туристите поповолни билети за авионски летови на територијата на земјата, фериботи, автобуси.

Покрај тоа, безалкохолните пијалоци, кафето, па дури и кино на отворено ќе бидат поприфатливи во однос на минатата година.

– Туристичката сезона ќе започне на 15 јуни, кога сезонските хотели ќе можат да се отворат. И од 1 јули, директните меѓународни летови постепено ќе започнат да патуваат кон нашите туристички дестинации – рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во обраќањето пред народот.

За потсетување отворањето на странскиот туризам во Грција се планира да се случи во две фази, почнувајќи од понеделник, 15 јуни, со пуштање во работа на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“.

Поврзани вести

Во Хрватска се одржуваат претседателски избори

Никола Поповски

Мас: Очекувањата од Германија се големи, јасен е курсот дека Европа треба да излезе посилна од пандемиската криза

Косово: Поради пандемијата без работа останале 30 000 лица

Комшиќ: Вучиќ треба веднаш да ја суспендира Стратегијата за одбрана на Србија

Во Австралија пожарникарите се обидуваат да спречат речиси 150 пожари

Maja_Serafimova

Крвава Ноќ на вештерките: Убиени уште две жртви на забава

Влатко Зорба