Вести СВЕТ

Што се случува со официјалните бројки: Колку луѓе навистина починале од коронавирусот?

Податоци за смртноста за 11 земји покажуваат дека барем 28.000 луѓе повеќе умреле во последниот месец, отколку што е наведено во официјалните извештаи, пишува Њујорк тајмс.

Весникот наведува дека многу повеќе луѓе починале во март во тие земји отколку во претходните години. Во вкупниот број на смртни случаи имало смртни случаи од Ковид-19, како и смртни случаи од други болести, а веројатно и оние кои не можеле да се лекуваат затоа што болниците биле преокупирани

Овие бројки ја поткопуваат тезата дека многу луѓе кои починале од вирусот можеби ќе умреле без оглед на се. На пример, во Париз секој ден се бележи два пати повеќе смртни случаи отколку во сезона на грип, а во Њујорк бројот на починати сега е четири пати повеќе од вообичаениот

Се разбира, податоците за смртните случаи среде пандемија се нецелосни, пренесува „Њујорк Тајмс“, во кој се наведува дека разликата помеѓу официјалниот број на загинати и вкупниот број на жртви, најверојатно, се рефлектира поради ограниченото тестирање за вирусот, отколку намерно намалување на бројот.

Сепак, вкупниот број на смртни случаи дава поцелосна слика за пандемијата, велат експертите, особено затоа што повеќето земји пријавуваат само смртни случаи од Ковид-19 во болниците.

Демографот од институтот Макс Планк, Тим Риф, вели дека на многу места пандемијата трае доволно долго и оти би има доволно време за да се надополни бројот на смртни случаи, што би дали поточна слика за тоа колкава е всушност неговата смртност.

Разликите се особено големи во земјите кои бавно го признаваат овој проблем. Така на пример, во Истанбул во периодот од 9 март до 12 април забележани се околу 2.100 повеќе смртни случаи отколку што се очекувало, а тоа е отприлика два пати повеќе од бројот на смртни случаи како последица на коронавирусот кои владата ги пријавува за целата земја во тој период.

Во многу европски земји податоците покажуваат дека умреле 20 до 30 отсто повеќе луѓе отколку што е вообичаено, а тоа значи десетина илјади поовеќе смртни случаи, укажува Њујорк тајмс.

Во некои земји властите се обидуваат да разјаснат колку од тие смртни случаи треба да му се препишат на коронавирусот и тоа вклучувајќи ги и смртните случаи надвор од болниците во вкупниот број на починати или ретроактивни измени на бројот на умрени по обработување на податоците.

Во Франција на почетокот на април официјалните претставници почнаа во податоците да ги вклучуваат и смртните случаи од коронавирус надвор од болницата.

Според Европскиот проект за следење на смртноста, истражувачка група која собира неделни податоци за смртност во 24 земји, отстапувања од нормалните обрсци се потврдени во многу европски земји.

Невообичаеното е податоците да се објавуваат отлку брзо, велат демографите, но многу земји работат на тоа да пружат сеопфатни и благовремени информации поради брзината на ширењето на коронавирусот.

Во оваа фаза тоа е секако делумна слика, вели Патрик Герланд, демограф во Обединетите нации. Тој смета дека во наредните неколку месец веројатно тоа ќе се промени и оти сликата за смртноста од коронавирусот ќе биде многу појасна.

Поврзани вести

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот: Во Турција од полноќ не работат кафеаните, кината, салите и базените

Во Кина вчера е регистриран само еден нов случај на зараза со коронавирусот

НАД 240.000 луѓе починале од коронавирус ширум светот

Пецас: Процесот на враќање во нормала ќе биде бавен и долг, нема да се случи преку ноќ

Мишел Обама: Трамп е погрешен претседател, сите за Бајден

Stefanija Kuzmanovska

„Инцидент“ со авионот со кој патувал американскиот потпретседател

Stefanija Kuzmanovska