Регион СВЕТ

СИРИЗА ќе гласа позитивно за предлогот на Нова демократија, Екатерини Сакеларопули да биде претседателка на Грција

Најголемата грчката опозициска партија СИРИЗА ќе гласа позитивно за предлогот на Нова демократија, Екатерини Сакеларопули да биде претседателка на Грција, според она што го соопшти лидерот на партијата и поранешен премиер, Алексис Ципрас.

Ципрас рече дека тие во Парламентот ќе дадат можност Сакеларопулу да биде избрана за претседателка со широко мнозинство и истакна дека оваа одлука на партијата е чин на одговорност.

– Ќе овозможиме новата претседателка на државата да биде избрана со широко мнозинство, бидејќи тоа прилега за секој што ја презема тешката одговорност – како што предвидува Уставот – во следните пет години да биде изразувач на обединетоста на нашиот народ и нашата демократија. Катерина Сакеларопулу беше врвен избор на владата на СИРИЗА да биде првата жена претседател на највисокиот суд на земјата, Советот на државата. Предлог за кој тогаш Мицотакис и неговите пратеници гласаа против, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА упати критики до Мицотакис зошто не ја искористил можноста да го обнови мандатот на актуелниот претседател Прокопис Павлопулос за следните пет години.

Соопштувајќи ја одлуката, Ципрас рече дека нема да го стори истото она што го направи Мицотакис во 2015 кога не го поддржа предлогот на СИРИЗА, Павлопулос да биде претседател на Грција.

Поврзани вести

Тинејџер уапсен за хакерски напад на Твитер

Во Русија половина од заболените од коронавирус без симптоми

Грција плаќа на родителите додаток од 2.000 евра по раѓањето на секое дете

Влатко Зорба

НОСЕЊЕТО МАСКИ ЈА НАМАЛУВА СТАПКАТА НА СМРТНОСТ И ДО 100 ПАТИ

Stefanija Kuzmanovska

Во Шпанија уште 498 жртви на коронавирусот: Една третина од вкупниот број се жители на старечки домови

СЗО: Светот е среќен што има толку кандидати за изработка на вакцина

Stefanija Kuzmanovska