Регион СВЕТ

Сите жители на Букурешт ќе се тестираат на новиот коронавирус

Сите жители на Букурешт наскоро ќе можат да поминат тест на новиот коронавирус. Романскиот министер за здравство Виктор Костаке изјави за телевизискиот канал Антена 3 дека досега се регистрирани 906 случаи на инфекција со коронавирусот. Седумнаесет пациенти досега починаа од тој вирус.

– Ние сакаме да спроведеме иновативна програма, како во Јужна Кореја, да ги тестираме сите жители на Букурешт за коронавирусот со помош на групи за мобилни тестирања. Во моментов ни требаат 2-5 милиони тестови, рече министерот Костаке.

На 16 март, романскиот претседател Клаус Јоханис објави вонреден режим поради новиот коронавирус.

Поврзани вести

Шведските обвинители се откажаа од истрагата против Џулијан Асанж

Тајландски војник пукал низ градот Кората, убил најмалку 12 лица (ВИДЕО)

Александар Петровски

Гутереш: Значителното ангажирање на комитетот мора да биде проследено со прекин на непријателствата во цела Сирија

user4

Во Србија прогласена вонредна состојба поради коронавирусот

Влатко Зорба

Авион се лизна од пистата во Алјаска

Maja_Serafimova

Австриски пензиониран офицер шпионирал за Русија