Вести Регион СВЕТ

Скандал на првата виртуелна конференција на НАТО: Турција ја напуштила седницата

Турција ја напушти првата виртуелна конференција на НАТО поради спорот со Грција околу мигрантите, пренесува порталот „Катимерини“.

За време на разговорите на министрите за надворешни работи на Алијансата, се случил скандал поради смртта на двајца мигранти во март на границата меѓу Грција и Турција. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја обвини Грција за настанот. Неговиот колега Никос Дендијас реагирал на тоа, обвинувајќи ја Анкара за поткопување на вредностите на НАТО.

После тоа, Чавушоглу ја напуштил конференцијата без да го чека говорот на генералниот секретар Јенс Столтенберг. Грчкиот министер смета дека на тој начин Турција се обидува да ја искористи ситуацијата на мигрантите во политички цели.

Претходно, грчките власти одлучиле да ги протераат мигрантите кои дојдоа на нејзината граница со Турција по 1-ви март.

Поврзани вести

Ја убил својата девојка затоа што мислел дека му пренела коронавирус

Stefanija Kuzmanovska

Русинки избегале од болнички карантин поради односот на лекарите и лошите хигиенски услови

Што ќе се случи со еврото: Европската централна банка се подготвува за живот без Бундесбанката

Австралискиот премиер Скот Морисон се извини поради тоа што замина на одмор кога земјата се бори со пожари

Истражување: Мајмуните можат да развијат имунитет на коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Граничен полицаец во БиХ, зел мито и пуштил лица кои требало да бидат во изолација

Никола Поповски