Вести СВЕТ

Скриени симптоми на коронавирус кои дури може и да се помирисаат

Дури и врапчињата на гранка знаат дека симптомите на коронавирусот САРС-КоВ-2 се висока температура, сува кашлица и губење на мирис и вкус. Сепак, може да имате ризик од инфекција дури и ако урината има специфичен мирис.

Лекарите сега велат дека силниот мирис на урина може да биде аларм дека имате коронавирус.

Урина со интензивен мирис и невообичаена жолта боја е знак на дехидрираност, која често се јавува поради инфекција со коронавирус.

Урината потоа добива особено непријатен мирис затоа што станува поконцентрирана, токму заради пониското ниво на течност во крвта.

Затоа, секој што ќе забележи дека е дехидриран заедно со отежнато дишење, треба веднаш да се обрати кај лекар.

– Понекогаш пациентите, обично постарите лица или оние со хронични заболувања, можат да развијат симптоми за кои може да биде потребна болничка нега, што ќе се заснова на внес на течности како резултат на дехидрација. Дехидрираноста се карактеризира со зголемена жед, сува уста, намален излез на урина, светло жолта урина, сува кожа, главоболка или вртоглавица – велат лекарите од Универзитетот во Охајо.

Исто така, дехидрираноста, но и вирусот на корона, е придружена со неверојатно чувство на замор, толку многу што пациентите честопати немаат сила да станат од кревет.

Поврзани вести

Медиуми блиски до Орбан: Изборите во САД се наместени

Никола Поповски

Трамп ги потпиша буџетските закони, избегната блокада на Владата

Влатко Зорба

Ердоган го предупреди светот: Постои болест која се шири побрзо од короната

Stefanija Kuzmanovska

Вучиќ со одговор за критиките на Обрадовиќ: Станува збор за некој кој е полуписмен, не само политички, туку и буквално

Никола Поповски

Во Полска починаа 548 лица за еден ден, најмногу од почетокот на пандемијата

Влатко Зорба

Кој е претепаниот десничар од сликата што го обиколи светот?

Влатко Зорба