Регион СВЕТ

Словенечки медиум: Повеќе од 1600 новозаразени во последните 24 часа

Според последните, неофицијални податоци, Словенија евидентирала повеќе од 1.600 новозаболени.

Ова е објавено на веб-страницата „24UR“, која објавува неофицијални информации за коронавирусот секое утро, а за кои подоцна се утврдува дека се точни.

Порталот додава дека влегле во сила и новите мерки воведени за борба против пандемијата, кои се однесуваат на услужните и спортските активности.

Така, салоните за коса и убавина, кои сега се наоѓаат во црвената зона, ќе можат да примаат само еден клиент во еден термин, додека испораката на храна ќе може да се одвива од шест наутро до 21 часот.

Кога станува збор за спортски активности, тренинзите и натпреварите им се дозволени само на пријавените спортисти.

Во Словенија е во сила полициски час, според кој е забрането движење од 21 до 6 часот наутро, а на седум словенечки региони, каде што е најтешката епидемиолошка состојба, им е дозволено да се движат од еден во друг регион само во посебни ситуации.

Поврзани вести

Вучиќ: Треба да се донесе одлука за тоа кој може брзо да влезе во ЕУ

Влатко Зорба

Захарова: Криумчарите на нафта во Сирија се под надзор на САД

Влатко Зорба

Папата Франциск ги повика САД и Иран да избегнат ескалација на насилствата

Втор круг од стратешкиот дијалог Грција – САД

Влатко Зорба

Аналитичарите очекуваат 2020-та да биде година на електричните автомобили

Список на земји, од кои е можно влегување во Грција

Влатко Зорба