Регион СВЕТ

Словенија ги отвори терасите на рестораните и фризерските салони: Втор ден без нови позитивни случаи

Во последните 24 часа во Словенија се извршени 616 тестови за коронавирусот, а веќе втор ден по ред не се откриени нови случаи на инфекција, така што бројката на заразени останува 1.439 лица, објави денеска словенечката влада.

Починал уште еден од пациентите со Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 97.

Иако епидемиолошката состојба е стабилна и ширењето на вирусот, според официјалните бројки, е под контрола, владини претставници предупредуваат дека треба да се почитуваат мерките за социјална дистанца, хигиена и сè уште валидните ограничувања, со цел понатамошно ублажување на мерките.

Денес започнаа со работа и фризерските салони, рестораните и кафулињата на отворено.

Почитувајќи ги сите мерки на Националниот институт за јавно здравје, граѓаните повторно можеа надвор од своите домови да испијат кафе или да ручаат. Отворени биле само надворешните делови, односно терасите од објектите, а на иста маса можат да седат само членови на исто семејство. Персоналот задолжително носи заштитни маски, а истото треба да го сторат и гостите кои сакаат да влезат во внатрешниот дел од угостителските објекти за да одат во тоалет.

Слично билои во Целје, каде што пред се постарите кои биле на пазарите го искористиле убавото време и за да седнат во локалните кафулиња на пијалок и да се одморат.

Според тоа каква беше сликава утринава во главниот град, по се изгледа на Љубљанчани највеќе им недостасуваа фризерските салони. Редовите пред овие објекти се направиле поради тоа што за нивната работа сега важат строги протокли.

Така на пример, за да се дојде на фризер неопходно е претходно телефонски да се закаже термин, а во објектот не смее да се влезе доколку се уште некој има внатре. Фризерите задолжително мораат да носат визир, заштитна маска и ракавици.

Од денеска да се средат можат и домашните миленици бидејќи и салоните за нега на домашните животни повторно биле отворени.

Поврзани вести

Поранешна соработничка го обвини Бајден за сексуално вознемирување

Црногорска реклама против короната апсолутен хит на Интернет (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Ова се 10 најдобри тетоважи на Путин (ФОТО)

Коронавирусот опасно удри по кинеската економија, милиони фирми пред колапс

Борис Џонсон е во „многу добро расположение“

Александар Петровски

Српски лекар: Граѓаните да го сфатат вирусот најсериозно и да не веруваат во политиката или во Кризниот штаб (ВИДЕО)

Александар Петровски