Регион СВЕТ

Словенија воведува забрана за движење од 21 до 6 часот наутро

Во Словенија во изминатите 24 часа се регистрирани 537 лица заразени со коронавирусот од 2.637 тестирани, додека две лица починале, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје.

Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс најави дека од утре ќе биде воведен полициски час, кој ќе трае од 21:00 часот навечер до 6:00 часот наутро.

Во Словенија има 289 лица во болница, од кои 55 се на одделот за интензивна нега.

Во регионите Приморско-Нотрањска и Горишка состојбата се влошила, но сè уште не е решено дали тие ќе бидат ставени на црвената листа на региони што се во карантин.

Словенечката влада денес треба да разгледа нови мерки, а портпаролот Јелко Кацин вели дека во некои делови на земјата има зголемување на бројот на пациенти.

Тој соопшти дека вечерва се очекува претседателот на Словенија, Борут Пахор, да им се обрати на граѓаните.

Поврзани вести

Боливија: Поднесено е обвинение против Моралес за бунт и тероризам

Влатко Зорба

Делови од Нагорно Карабах ќе бидат номинирани на листата на светско наследство на УНЕСКО

Никола Поповски

Дали Лукашенко нуди „рака за помирување“: Ќе се откаже од 80 проценти од надлежностите

Никола Поповски

Градоначалниците во Италија ги бркаат од улица граѓаните кои не ги почитуваат правилата (ВИДЕО)

Скоро 600.000 Грци ќе ги загубат работните места до јули

Над 100 лица загинаа во последните 48 часа во Сирија