Вести СВЕТ

Словенците ја запалија Меланија на Денот на независноста: Познатата статуа на првата дама на САД запалена во нејзиното родно место (ВИДЕО)

Дрвена статуа на американската прва дама Меланија Трамп во близина на нејзиниот роден град Севница во Словенија беше запалена, а потоа отстранета.

Американскиот уметник Бред Дауни, кој ја дизајнирал и нарачал скулптурата, изјавил дека е запалена на 4 јули, на американскиот празник на Денот на независноста.

Тој додаде дека организирал отстранување на статуата следниот ден, јави Би-Би-Си. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.
Статуата на Меланија Трамп во природна големина е подигната во јули минатата година.

Ја изработил локалниот уметнички столар Алеш Зупевц познат како Макси, по нарачка од Дауни.

Статуата што ја прикажува првата дама во сино фустанче, слично на онаа што ја носеше на инаугурацијата на Доналд Трамп и со рака потсетувајќи на дрвена табла подигната, предизвика мешани реакции откако беше подигната.

Мештаните, иако се горди на најпознатиот експонат во градот, воопшто не беа задоволни од сличноста на статуата со Меланија Трамп, нарекувајќи ја „срам“ и споредувајќи ја со Штрумфета.

Поврзани вести

Потврден 20-тиот случај на коронавирус во Велика Британија

Никола Поповски

Вакцина против корона веќе во септември?

Грција обезбеди маски за училиштата, постои само еден мал проблем (ВИДЕО)

Александар Петровски

Во Германија 14.000 заразени, владата размислува за целосно ограничување на движењето

Stefanija Kuzmanovska

Поддршката за Трамп опаѓа, осум проценти предност за Бајден

Stefanija Kuzmanovska

Трамп го прекинал Бајден најмалку 128 пати за време на дебатата во вторникот

Stefanija Kuzmanovska