Вести СВЕТ

Снежна бура ги затвори училиштата во САД (ВИДЕО)

Снежна бура ги затвори училиштата од Западна Вирџинија до Нова Англија во САД.

Во некои делови на Западна Вирџинија се очекуваат од пет до 30 сантиметри снег, а во пет окрузи од утрово се затворени училиштата.

Во Њу Хемпшир се затворени стотина училишта по ударот на првиот бран снежна бура, која донесе 15 сантиметри снег. Нови снежни врнежи се очекуваат и вечерва.

Гувернерот на Њу Хемпшир изјави дека тоа ќе биде „долга, тешка снежна бура“.

Во североисточниот дел од земјата до утре изутрина се очекуваат од 25 до 50 сантиметри снег.

Поради снежното невреме повеќе од 280 летови од и кон САД се откажани, а 1.200 се одложени. Повеќето од откажаните летови се на аеродромите во областите на Њујорк и Бостон.

Властите наведуваат дека три лица загинале во саботата во Мисури, а едно во Луизијана како последица од невремето.

Поврзани вести

Авиокомпаниите поради новиот коронавирус ќе загубат околу 63 милијарди долари

Stefanija Kuzmanovska

Утре во црногорското Собрание се бира новата влада

Никола Поповски

Шарец за актуелните случувања: Словенија на Орбан или суверена и независна Словенија?

Никола Поповски

Повеќе од 60 милиони Индијци би можеле да бидат заразени со корона

Влатко Зорба

Во БиХ уште 333 лица позитивни на коронавирус, тројца починале

Никола Поповски

Путин на 75-годишнината од крајот на Втората светска војна: Обединета, Русија е непобедлива