Вести ЕУ СВЕТ

Со вмешаност на малтешката амбасада: Дали Кина ги шпионирала институциите на ЕУ во Брисел?

Белгиското разузнавање покрена истрага по извештаите дека Кина ја користи канцеларијата на Малта, лоцирана преку улицата од седиштето на Европската комисија, за прислушување на институциите во Брисел.

Портпаролот на белгиската државна служба за безбедност изјавил дека е покрената истрага откако францускиот „Ле Монд“ објавил дека постои сомневање за шпионажа.

Истрагата била покрената откако британските агенти известиле дека Кинезите ја употребувале малтешката амбасада како „шпионска кула“ за прислушување на институциите на ЕУ, пренесува британскиот „Гардијан“.

Сомнежите се однесуваат на проектот за реновирање на 13-катната зграда пред отворањето на постојното претставништво на Малта во ЕУ, а во 2010 година, белгиските власти за првпат пренеле сомневања за кинеска шпионажа.

Британското разузнавање наведува дека кинеските тајни служби биле вклучени во реновирањето на малтешката амбасада, а мебелот и одредена опрема за зградата биле доставени од Кина до белгискиот главен град во рамките на договорот за соработка од 300.000 долари.

Белгиските власти, наводно, со години биле загрижени дека опремата се користи за шпионажа, а портпарол на ХСЕ објавил дека се истражуваат активностите во амбасадата на Малта, но дека досега не се откриени докази за кинеска шпионажа.

Наводите беа негирани и од Амбасадата на Малта, велејќи дека мебелот го донирала кинеската влада и дека зградата е опремена во согласност со највисоките безбедносни стандарди.

Портпаролот на кинеската амбасада во Белгија изјави дека обвинувањата за шпионажа се лажни.

Поврзани вести

Бадник и Коледе по светот

Maja_Serafimova

Работниците на заробените крузери се очајни: Зголемен бројот на самоубиства, некои започнале штрајк со глад

СЗО: Jа зголемивме нашата проценка за ризикот од ширењето на Ковид-19 на многу висок на глобално ниво

Никола Поповски

Доналд Туск е единствен кандидат за лидер на европската десница

Путин и Лукашенко повторно разговарале, подготвени се заеднички да одговорат на надворешните закани

Влатко Зорба

Руски лекари: Нашите тестови не покажаа дека Навални е отруен

Stefanija Kuzmanovska