Вести СВЕТ

Сослушувањето на обвинетиот полицаец закажано за денес: Семејството на Флојд бара да се смени обвинението и да се уапсат и останатите полицајци

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Човин, кој е обвинет за убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд, денес треба да се појави пред суд.

Во меѓувреме, воведен е полициски час во 40 градови, но демонстрантите претежно го кршат и се судираат со полицијата.

Десетици демонстранти биле уапсени, неколку полицајци се повредени, но имало и случаи кога полицајците им се приклучиле на демонстрантите.

Синот на Флојд, Квинси Мејсон Флојд, за Си-Ен-Ен изјавил дека е запрепастен од протестите.

Човин, како што е прикажано во видеото, повеќе од осум минути го притискал вратот на Флојд со колено,  додека овој лежел на земја со лисици на рацете, повторувајќи дека не може да дише.

Човин е обвинет за убиство од трет степен и несовесно убиство од втор степен.

Според законите на Минесота, убиството од трет степен е дефинирано како предизвикување смрт „со извршување на непобитно опасно дело против друг во состојба на растроен ум“, не грижејќи се за животот, но без намера да изврши убиство.

Убиството од несовесност од втор степен подразбира дека „едно лице презема неразумни ризици и свесно ја користи можноста да предизвика смрт или сериозна телесна повреда врз друг“.

Сепак, семејството на Флојд бара обвинението да се смени во убиство од прв степен, како и апсење на останатите тројца полицајци кои учествувале на овој настан.

Поврзани вести

Украинскиот премиер Хончарук поднесе оставка

Првите луѓе на словенечката полиција поднесоа оставка

Влатко Зорба

Кои се симптомите на коронавирус кои не смеете да ги игнорирате

Путин повика на опремување со што повеќе болнички кревети: Јас му верувам на Господ

Невремето „Гирионис“ поплави домови, затвори патишта и училишта во Грција

СЗО го ажурира упатството за лечење од коронавирус: Дексаметазонот е прва терапија со кој се намалува смртноста

Никола Поповски