Вести СВЕТ

Создавачот на Новичок: Навални бил отруен од негови блиски луѓе

„Труењето на Алексеј Навални може да било организирано само во неговата непосредна околина“, изјавил научникот-хемичар Владимир Угљев за весникот „Взгљад“.

Во советско време, Угљев се занимавал со развој на хемиско оружје, вклучувајќи ја и групата на воени отрови „Новичок“. Според него, ако отровот се додавал во храна или вода, едно лице би било убиено, но ако било нанесено површината на некој предмет, најмалку две или три лица би биле убиени.

„Ако ставеле отров на шише, каде е тука гаранцијата дека тоа шише нема да го земе некој друг, кој исто така бил во таа просторија“, прашува научникот.

Ако навистина го отруле Алексеј Навални, тогаш морале да му го дадат предметот со отровот точно во неговите раце, посочува Угjeев.

„Мислам дека некој му ставил отров на нешто и му го дал директно на Навални. Тој не би зел предмет од странец, а во тој случај го сторил тоа“, објаснува научникот.

Угљев додава дека знаците на труење би биле веднаш видливи доколку отровната супстанца стигнела до организмот преку белите дробови или преку храна, а ако отровот е внесен преку кожата, знаците на труење би се манифестирале по неколку часа.

„Само многу блиска личност можела да ја нанесе супстанцијата на дланката или да го даде предметот директно во раката“, верува научникот.

Според него, трагите од отровната материја можеле да останат на шишето со вода откако Навални ја зел во рацете.

Угљев смета дека верзијата за труење на Навални на аеродромот е малку веројатна, бидејќи во тој случај би имало многу жртви.

Според научниците, тој се обидел да стапи во контакт со луѓе од околината на Навални за да го каже своето мислење, но тие одбиле да разговараат со него.

Хемичарот заклучува дека неговите заклучоци се крајно неповолни за луѓето од блискиот круг на Навални.

Поврзани вести

САД ја блокираа резолуцијата на Советот за безбезност за коронавирусот поради присуството на СЗО

Одложено рочиштето за екстрадиција на Асанж

НАТО чека реакција од САД за ракетните напади на Иран

Влатко Зорба

Ердоган: Нема да и дадеме на Сирија можност да добие територија

Никола Поповски

Австриското МНР под кибер напад

Влатко Зорба

Шпански лекари откриле уште еден симптом на коронавирус: Погледнете ги вашите стапала