СВЕТ

Спречен терористички напад во Москва

Руските безбедносни служби спречиле терористички бомбашки напад и привеле маж кој се подготвувал да активира бомба пред зградата на владата, објави Федералната служба за безбедност (ФСБ).

ФСБ го опиша човекот како личност од Централна Азија, додавајќи дека тој дејствувал по наредба на меѓународна терористичка група.

Ваквите инциденти се ретки во главниот град, но вработен во ФСБ беше убиен во центарот на Москва во декември минатата година кога маж пукаше кон зградите на ФСБ.

ФСБ објави дека пронашла делови од импровизирана експлозивна направа меѓу предметите на притворениот човек со упатства за правење експлозив и преписка со други милитанти.

„Сторителот планирал да отпатува во борбената зона на Блискиот исток за да учествува во активностите на терористичките групи“, објави ФСБ на својата веб-страница.

Исто така беше речено дека се водат истраги и дека е покрената кривична постапка.

Поврзани вести

Ким Тора: Протестите нема да завршат, додека шпанската влада не ги сослуша барањата на сепаратистите

Maja_Serafimova

Котор гореше по бакљадата за Денот на независноста на Црна Гора (ВИДЕО)

Бројот на заразени со коронавирусот во светот се доближи до два милиони, со речиси 120.000 починати

Австралија ќе воведе надомест за отсуство од работа за време на пандемијата

Берта Китинска

Белата куќа се согласува дека Камала Харис ги исполнува условите за потпретседателската функција

Stefanija Kuzmanovska

Лабуристот Хојл реизбран за претседател на британскиот Парламент