ЕУ СВЕТ

Србинка организирала балкански нарко клан во Шпанија (ВИДЕО)

Истрагата на шпанската полиција, во која „падна“ балканска банда од 30 члена предводена од Србинка (37), започна пред два месеци, во јули, практично случајно.

Причина за истрагата бил пожар во куќа во Оливела, Барселона. Причината за пожарот биле нелегални електрични инсталации кои, како што било откриено, снабдувале насади со марихуана. Тогаш топката почна да се расплетува.

Полицијата наскоро утврди дека куќата, како и другите на периферијата на Барселона, ја изнајмила мајка од Србија со нејзиниот партнер. Во изнајмените куќи, излегува дека српската жена направила цела мрежа на лаборатории (или плантажи) во кои одгледувала марихуана.

– Цивилната гарда тогаш започна истрага, при што спроведе вкупно 19 претреси во општините во Барселона. Демонтирани се 12 затворени насади со марихуана, запленети се 12.600 растенија, 190 килограми преработени пупки и 50.000 евра во готово. Во ниту една акција не е пронајдено огнено оружје – изјави Цивилната гарда.

„Работниците“ на споменатите насади биле претежно српски граѓани.

– Работата за чување на насадите ја извршија граѓаните на Србија кои беа „ангажирани“ од уапсената жена – таа им плати патување во Шпанија и им даде фиксна „плата“ за работата. Повремено, таа носеше нови работници, а старите ги враќаше назад во Србија за да не се сомнева некој – пишуваат шпанските медиуми.

Пасоши на земји од ЕУ, за кои постои сомневање дека се фалсификувани, биле откриени и меѓу уапсените членови на криминалната група.

– Истражуваме зошто имале лажни хрватски и словенечки пасоши. Можно е да им го олесниле движењето во Шпанија и Европската унија, бидејќи Србија не е членка на ЕУ, но исто така е можно овие документи едноставно да го криеле нивниот вистински идентитет затоа што за нив постоел потерница – објаснуваат од полицијата.

Исто така, се наведува дека српската полиција соработувала за време на истрагата, особено затоа што се трага по одредени осомничени лица поради различни дела и постапки против нив во Србија.

Потсетуваме, пред една недела шпанската полиција спроведе голема операција во Барселона и Тарагона, со што се распадна меѓународната криминална организација која се занимаваше со трговија со марихуана. Според шпанските медиуми, една Србинка (37), која била уапсена во таа акција, била приведена со неодамна родено бебе.

Поврзани вести

Бајден ја прифати претседателската номинација на демократите во САД

Stefanija Kuzmanovska

Борис Џонсон верува дека Парламентот ќе го поддржи договорот за Брегзит

Maja_Serafimova

Бил Гејтс со порака до сите оние што мислат дека ќе ги чипира

Ердоган: Ситуацијата во Сирија личи на војна

Никола Поповски

ОН: Седум милиони деца во светот се лишени од слобода

Влатко Зорба

Гебреисус: Тоа што имаме американски персонал значи дека ништо не било криено од САД од првиот ден во СЗО