Регион СВЕТ

Српската Влада усвои одлука со која на сите здравствени работници од 1 април им се зголемува платата за 10 отсто

Српската Влада на денешната седница усвои одлука со која на сите здравствени работници од 1 април им се зголемува платата за десет отсто, соопштија Владата.

Зголемување на платата се однесува на сите здравствени и военоздравствени институции, вработените во здравствената заштита во установите на социјална заштита, како и на лекарите во заводите за извршување на кривични санкции.

Одлука е донесена, имајќи предвид дека здравствените работници поднесуваат голем товар и одговорност во деновите на борбата на Србија со Ковид-19, се наведува во соопштението.

Од Владата највија за денеска и прес конференција, на која министерот за финансии Синиша Мали и претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, ќе ги престават пакетот на економски мерки за ублажување на последиците врз економијата како резултат на епидемијата на Ковид -19.

Поврзани вести

Тачи сака нова влада, а Курти – нови избори

Stefanija Kuzmanovska

Фон дер Лајен: Јункер навистина успеа да ги брани европските интереси

Словенечката и италијанската полиција дополнително ќе ја подобрат соработката

Влатко Зорба

Курти: Новата косовска Влада ќе биде формирана многу брзо

Maja_Serafimova

СЗО: Коронавирусот е нова глобална пандемија

Никола Поповски

Столтенберг: Има недоразбирања меѓу Грција и Турција и јас ги поздравувам билатералните контакти за нивно решавање