Регион СВЕТ

Српски епидемиолог: Ситуацијата е алармантна, веднаш повлечете ги децата од градинка

Се препорачува децата да бидат во домаќинството, доколку има некој да се грижи за нив, рече проф. Д-р Бранислав Тиодоровиќ, епидемиолог и член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија.

– Кај младите луѓе кои работат, секако е тешко, но подобро е децата да не одат во градинка. Короната влезе во 17 градинки. Има болни деца – рече епидемиологот Тиодоровиќ.

Епидемиологот, кој процени дека во скоро време може да се прогласи вонредна состојба во Ниш, вели дека „се зголемил бројот на деца со вирус“ и во тој град.

– Точно, 90 отсто немаат сериозни проблеми, тие се само позитивни. Кај 10 отсто, се јавува температура од 37,5 или 38, што се одржува, но не надминува преку тоа или многу ретко. И тие деца немаат потешкотии при дишењето, но имаат главоболка. Сепак, тие реагираат добро на терапијата, како што ми кажаа педијатрите – додаде Тиодоровиќ.

Поврзани вести

Масовно тестирање во Вухан: За 24 часа направени 467.847 тестови

Во Бугарија почна изградбата на гасоводот „Турски тек“ кон Србија

Maja_Serafimova

Карантин за сите што ја посетуваат Шпанија по 15 мај

Stefanija Kuzmanovska

Во Црна Гора уште 91 новозаразени лица и 4 смртни случаи

Stefanija Kuzmanovska

Французите на прагот на пронаоѓање лек против коронавирус (ВИДЕО)

Нов црн рекорд на Флорида: Повеќе од 15 илјади заразени во последните 24 часа