Регион СВЕТ

Српски медиуми: ЕУ подготвува ултиматум за Србија во четврток

Претставниците на администрацијата во Брисел во четврток практично ќе ѝ предадат ултиматум на Србија – нацрт на сеопфатен договор што подразбира де факто признавање на Косово, дознава српскиот портал „Новости“.

Цитирајќи добро информирани дипломатски извори, „Новости“ наведува дека на белградската делегација што патува на разговори со Мирослав Лајчак и претставници на косовските институции во седиштето на Европската унија, ќе им биде врачен нацрт сеопфатен договор што подразбира де факто признавање на Косово од страна на Србија.

Нивните соговорници тврдат дека Брисел, преку специјалниот претставник на Лајчак, планира да му предаде доверлив нацрт на шефот на српскиот тим, Марко Ѓуриќ, со барање да го проследи до Претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Овој нацрт беше направен од страна на ЕУ без преговори од која било од страните и злоупотреба на нивното присуство во техничкиот дијалог. Во текстот се бара Србија да го прифати и членството на Косово во ООН и другите меѓународни организации “, наведува Новости.

Поврзани вести

По ужасното видеото во Австралија стравуваат од американското сценарио (ВИДЕО)

Stefanija Kuzmanovska

Американското разузнавање смета дека коронавирусот не е создаден во лабораторија

Во Централ парк во Њујорк почна поставувањето на монтажна болница (ВИДЕО)

Германија: Деветмина убиени во напади на наргиле-барови, напаѓачот пронајден мртов

Никола Поповски

Путин: Ердоган ги објасни целите на турската операција во Сирија

Maja_Serafimova

Палмер: Црна Гора и Србија треба да разговараат