Регион СВЕТ

Српскиот кризен штаб: Нема ригорозни мерки, кој не носи маска казната ќе ја плаќа на лице место

Српскиот кризен штаб за борба против коронавирусот на денешната седница донел одлука за засилување на контролата врз спроведувањето на анти-епидемиолошки мерки, а со цел да се санкционираат прекршувањата, веќе се направени измени и дополнувања на два закона, што би го овозможило тоа.

„Овој пат не усвоивме нови мерки, ниту ги заостривме постојните, туку само инсистираме да се почитуваат постоечките мерки и ригорозно да се спроведуваат сите контроли“, рече имунологот д-р Срѓа Јанковиќ по седницата на Кризниот штаб на Србија, додавајќи дека се работи на правната рамка.

Затоа, соопштуваат од Кризниот штаб, не е донесена одлука за задолжителен ПЦР-тест за сите патници кои доаѓаат од странство, ниту пак е донесена мерка за задолжително носење маски на отворено. Ова остана како препорака.

Јанковиќ соопштил дека мерките досега имаат делумна законска рамка, но дека работат на подобрување на казнувањата.

„Загрижени сме, ситуацијата се влошува, но сепак многу зависи од нас. Изменети се два закони, со кои тој што не носи маска, казната ќе ја плаќа на лице место, а објектите кои нема да ги почитуваат мерки и протоколите ќе се затвораат веднаш“.

Овој член на Кризниот штаб истакнал дека, засега нема причина училиштата да преминуваат на онлајн настава. И обелодени дека наскоро ќе се користат нови тестови.

-Воведуваме брзи антигенски тестови, за подобрување на дијагностиката на ковид-19, вели Јанковиќ.

Инаку, во Србија вчера се регистрирани рекордни 512 новозаразени за 24 часа, поради што денеска во 9 часот се одржа вонредна седница на Кризниот штаб.

Поврзани вести

Специјалните сили на Лукашенко апсат новинари

Stefanija Kuzmanovska

Проширена листата на симптоми на КОВИД-19: Рани знаци на кои треба да се внимава

Stefanija Kuzmanovska

Ердоган: Продолжен полициски час за викендите на 1 мај

Stefanija Kuzmanovska

Швајцарија: Дали рестриктивните мерки ќе останат на сила уште две години?

Најновите откритија од научниците укажуваат на тоа како мутацијата на коронавирусот влијае врз луѓето

Берта Китинска

Канбера: Рекордни температури, пожарите се уште активни

Ивана Рамаданова