Вести СВЕТ

Стејт департмент: Медицинската опрема од Русија не е подарок, туку е купена

Портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус изјави дека медицинската опрема која вчера е испратена со авион од Русија во САД, е купена врз основа на договорот меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин. Таа додаде дека опремата, која вклучува вентилатори и лична заштитна опрема, не е подарок.

– Двете земји даваа хуманитарна помош една на друга во кризниот период и без сомнеж тоа ќе го направат повторно во иднина. Ова е време за соработка во надминување на заедничкиот непријател кој ги загрозува животите на сите нас, нагласи Ортагус.

Таа не соопшти колку САД ја платиле медицинската опрема, која е предадена на Сојузната агенција за управување во кризни ситуации во Њујорк, откако руски товарен авион ја пренесе до меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“.

Ортагус истакна дека САД ќе продолжат да им помагаат на другите земји во борбата против новиот коронавирус.

Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов вчера изјави дека испораката ја одразува потребата за обединување на глобалните напори во борбата против Ковид-19, без оглед на политичките разлики.

Поврзани вести

Пакет со отров испратен на Трамп

Влатко Зорба

Трамп претстави нов брз тест кој може да потврди позитивен резултат на Ковид-19 за само 5 минути (ВИДЕО)

Откриено е жариштето на коронавирусот во Европа, властите молчеле за да не загубат од профитот

Александар Петровски

Германија ја прогласи Виена за „корона ризична“

Александар Петровски

Најмалку двајца загинати и 22 повредени во земјотресот во Иран

Во Калифорнија прогласена вонредна состојба поради коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska