СВЕТ

Столтенберг загрижен за последиците од турската акција во Сирија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази загриженост за последиците што може да ги предизвика турската воена офанзива во северна Сирија во однос на борбата против терористичката Исламска држава и стабилноста во регионот.

„Загрижен сум за последиците во врска со напредокот што го постигнавме во борбата против нашиот заеднички непријател Исламска држава“, рече Столтенберг, нагласувајќи ја важноста за зачувување на ваквиот напредок.

Велика Британија и другите европски земји ја запреа продажбата на оружје на Анкара, откако започна воена операција во северна Сирија.

Столтенберг таквите постапки ги коментираше како „одраз дека многу сојузници на НАТО се многу критични и ја осудуваат воената операција во северна Сирија“.

Поврзани вести

Чешката влада: 15 000 новозаразени за еден ден, сите мерки ги употребивме, ни останува уште вонредната состојба

Никола Поповски

Вучиќ за нападот врз Трифуновиќ: Постои екстремен дел во општеството што не ја гледа својата иднина во политиката, а сака да биде на власт

Кина воведе санкции против САД

Maja_Serafimova

СЗО: Рекордните нивоа на новозаразени се последица од разгорување на епидемијата во големите земји

Stefanija Kuzmanovska

Јеремиќ: Изборите следната година најверојатно ќе се одржат двапати, лажни на пролет и вистински во зима

Втор најлош ден во Италија :743 починати во последните 24 часа

Никола Поповски