Вести СВЕТ

Студентка претепана на улица затоа што носела здолниште (видео)

Според Би-Би-Си, 22-годишна француска студентка, која француските медиуми ја идентификувале како Елизабета, пријавила дека тројца мажи и пришле на улица и ја претепале затоа што носела здолниште.

Во интервју за француското радио Франс Блу, Елсатес Елизабет изјавила дека одела кон нејзиниот дом кога еден од тројцата мажи гласно рекол: „Погледнете ја оваа ку*ва со здолниште“.

Потоа сите тројца и пришле, двајца ја држеле додека третиот ја удри по лицето, оставајќи и модринка на окото. По нападот, тројцата мажи побегнале.

Според нејзиниот исказ, најмалку 12 лица присуствувале на нападот на улица, но никој не и помогнал.

Во средата, министерката за внатрешни работи Марлен Шипа го посетила Стразбур за да и се обрати на јавноста за безбедноста на жените на улица.

„Здолништето не е виновно за нападот, а жената уште помалку. Жена никогаш не смее да биде нападната затоа што носи здолништето. Таа е нападната затоа што има луѓе кои се мазогинисти, сексистички настроени и насилни и сметаат дека законите и правилата на однесување не важат за нив”, рекла Шипа.

„Кога сте студент и треба да размислите што ќе облечете и каква порака испраќа тоа, тогаш е неверојатен ментален товар“, додала министерката.

Таа апелирала до јавноста веднаш да ја предупредат полицијата ако бидат сведоци на некакво вознемирување на жени на француските улици.

Радио Франс Блу Алзас известило за уште две млади жени кои беа нападнати на улица. Тие биле нападнати од 18-годишник кој им се спротивставил затоа што носеле „премногу кратки здолништа“: Младиот човек бил уапсен од полицијата.

Поврзани вести

Севернокорејски бегалец тврди: Ким Џонг ун е мртов!

Путин: Руската војска ќе се повлече ако побара идната сириска Влада

Влатко Зорба

Планетата може да „експлодира“ во секој момент, вели последниот европски диктатор

Влатко Зорба

Запалени две цркви од 19-тиот век во Чиле (видео)

Никола Поповски

Германските разузнавачи се сомневаат во тврдењата на САД дека коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија

Албански државјанин го застрелал црногорскиот полицаец во Игало